Шест лица се убиени, а осумина се повредени, откако вооружено лице нападна џамија во Квебек, Канада доцна вчера.
Портпаролот на полицијата рече дека се уапсени двајца осомничени, но, не даде дополнителни инфорамции за нивниот идентитет или мотив за нападот.
Исламскиот културен центар во Квебек изјави дека нападот се случил за време на вечерните молитви, а според полицијата, во тој момент во џамијата имало околу 53 лица.
Канадскиот премиер Џастин Трудо го осуди настанот, нарекувајќи го „терористички напад врз Муслиманите“, нагласувајќи дека неговата држава ги вреднува различностите и толеранцијата.
„Муслиманите во Канада се важен дел од нашето национално ткиво, и овие безсмислени акти немаат место во нашите заедници и градови “, рече Трудо.
По нападот во недела, градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио рече дека полицијата презела дополнителни мерки за заштита на џамиите во градот.
„Њујорк ќе ги заштити Муслиманите. Ќе се спротивставиме на омразата и на предрасудите“, напиша де Блазио на неговиот Твитер профил.