Канадскиот премиер Џастин Трудо прогласи победа по освојувањето на втор мандат на општите избори во државата, откако неговата Либерална партија освои доволно места за да остане владејачка партија.
Трудо, придружуван од неговата сопруга, беше пречекан со скандирање во седиштето на неговата партија, по освојувањето на вториот мандат.
„Вечерва Канаѓаните ги отфрлија поделбите и негативноста. Ги отфрлија кратењата и штедењето и гласаа за прогресивна агенда и силна акција за климатските промени“, рече Трудо.
Канадската радиодифузна корпорација соопшти дека либералите на Трудо имаат предност пред конзервативците според бројот на парламентарните места, но сепак ги немаат потребните 170 места за работно мнозинство.
Трудо ќе мора да формира владејачка коалиција со прогресивните Нови демократи.
Facebook Forum