Линкови за пристапност

Украдено уметничко дело од Банкси


Полицијата во Торонто спроведува истрага

Од канадската полиција соопштија дека спроведуваат истрага за кражба на уметничко дело од британскиот уметник Банкси, кое било поставено на неовластена изложба во Торонто.

Властите објавија видео снимено од безбедносните камери на кое се гледа како едно лице го зема делото и заминува со него.

Изложбата „Уметноста на Банкси” беше организирана од неговиот поранешен менаџер, Стив Лазаридис, но, наводно не била прифатена од самиот уметник.

Вредноста на украденото дело се проценува на 34.000 долари.

На изложбата која трае до 11-ти јули, поставени се околу 80 дела кои се позајмени од колекционери, меѓу кои скулптури, платна и мултимедијални проекти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG