Линкови за пристапност

Канадската полиција ги истражува причините за убиството на 16 лица во Нова Шкотска


Полицијата на Канада ги истражува причините за најсмртоносното пукање во историјата на државата, кое вчера се случи во провинцијата Нова Шкотска, при кое беа убиени 16 лица.

Походот на 51-годишниот напаѓач Габриел Вортман, кој пукал во лица во нивните домови, траел 12 часа, пред полицијата да го застрела и убие рано утрото.

Меѓу убиените е и полицајката Хајди Стивенсон, која 23 години била во служба.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, на неговиот Твитер профил, го опиша нападот како бесмислен, велејќи дека граѓаните во целата држава жалат со семејствата на убиените.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG