Од одлуката на Врховниот суд во 2010, овие комитети можат да собираат и трошат неограничени суми на пари за политички кампањи, ако трошењето не е координирано од кој било кандидат.
Доцна во вторникот тие дале детален отчет за тоа што потрошиле. Група што го поддржува републиканскиот кандидат Мит Ромни собрала близу 18 милиони долари меѓу јули и декември минатата година. Групата што работи во корист на Ромни потрошила над 17 милиони долари заклучно со вторник, и имала речиси 24 милиони во готово до крајот на периодот за пријавување. Најголем дел од парите на групата доаѓаат од мала колекција на богати донатори, со четворица од нив кои дале секој по еден милион долари.
Во меѓувреме, група што го поддржува главниот ривал на Ромни, Њут Гингрич, собрала околу 12 милиони, што вклучува 10 милиони долари донација во јануари од тајкун во Лас Вегас. Групата исто така потрошила 9 милиони долари.
Групата што го поддржува Мит Ромни собрала повеќе пари од групата што го поддржува демократскиот претседател Барак обама, што собрала нешто над 4 милиони долари минатата година во такви неограничени донации.
Кандидатите исто така собираат милиони долари во традиционални контрибуции, но приватни граѓани не можат да дадат повеќе од 2.500 долари кои би биле потрошени под директна контрола на кампањата на кандидатот. Во тој одвоен вид на собирање пари претседателот Обама лесно ги надмина сите републикански кандидати со собирање над 150 милиони долари – речиси пет пати повеќе од Ромни.
Готовина за кампањата е потребна за телевизиско рекламирање, патување и многу други трошоци.