Линкови за пристапност

Камерон се врати од најголемата земјина длабочина


Холивудскиот филмски режисер, Џејмс Камерон го заврши патувањето до најдлабоката точка на Земјата.

Режисерот на „Титаник“ и други филмови употреби специјално дизајнирана подморница наречена Deepsea Challenger во неделата да нурне близу 11 километри да стигне до дното на „Mariana Trench“.

Камерон мина часови на дното на Пацифичкиот океан, собирајќи примероци за научно истражување и правејќи видео и фотографии.

Тој испрати порака од местото, лоцирано на околу 350 километри југозападно од пацифичкиот остров Гуам, велејќи „да се стигне до дното никогаш не било толку убаво“ и дека едвај чека да го сподели тоа што го видел.

Камерон е првиот човек што на такво патување заминал сам. Швајцарскиот инженер Жак Пикард и американскиот морнарички офицер Дон Волш нурнале до истото место во 1960. Тие минале околу 20 минути таму, но не можеле многу да видат зашто нивната подморница покренала многу песок од дното на морето.

„Mariana Trench“ е 120 пати поголема од Големиот кањон и повеќе од 1,6 километри подлабок од висината на Монт Еверест.

XS
SM
MD
LG