Линкови за пристапност

Путин тврди дека нема влијание врз судењето на Калви


Основачот на компанијата „Баринг Восток капитал партнерс“, Мајкл Калви, се товари дека заедно со неговите колеги украле 37.5 милиони долари

Притворањето на реномиран американски бизнисмен во Русија е причина за загриженост околу тоа како Москва се справува со односите со инвеститорите.

Основачот на компанијата „Баринг Восток капитал партнерс“, Мајкл Калви, беше уапсен на 15 февруари под обвинение за измама што произлегува од долг правен спор со руската Ориент експрес банка.

Портпаролката на окружниот суд во Москва изјави дека Калви и негови колеги се осомничени дека украле 37,5 милиони долари (2,5 милијарди рубли).

Адвокатот на Калви рече дека верува дека тој ќе биде ослободен.

„Мајкл Калви е невин и штом сите детали ќе се расчистат, верувам дека случајот ќе биде затворен“, рече бранителот на Калви, Димитри Савочкин.

Калви се соочува со 10 годишна затворска казна ако биде осуден.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој се сретнал со Калви неколку пати, рече дека претходно не знаел за неговото апсење.

Путин исто така тврди дека нема директно влијание врз тоа како руските судови ги донесуваат пресудите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG