Линкови за пристапност

Најмалку 17 жртви во пожарите во Калифонија


Гувернерот на сојузната држава прогласи вонредна состојба во осум општини, и и` се заблагодари на владата за брзото обезбедување помош

Заслабените ветришта и пониските температури, се чини им помагаат на спасувачките екипи во Калифорнија во справување со бројните шумски пожари што избувнаа во сојузната држава во неделата.

Досега животот го загубиле најмалку 17 лица, а уништени се околу 1.500 домови и бизниси, соопштија властите.

Спасувачите во моментов се обидуваат да лоцираат околу 200 лица кои се водат за исчезнати.

Одделот за шуми и заштита од пожари на Калифорнија предупреди дека ветрот и сувата клима и натаму претставуваат предизвик и дека заклучно со синоќа, биле опустошени преку 46.000 хектари шумска површина.

Меѓу погодените области се општините Напа и Сонома северно од Сан Франциско - дом на десетици винарии коишто привлекуваат туристи од целиот свет.

Десетици илјади лица се евакуирани, а илјадници жители се сместени во преку 10 центри во сојузната држава.

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун прогласи вонредна состојба во осум општини и и` се заблагодари на владата за брзото обезбедување помош.

Претседателот на САД Доналд Трамп ја одобри федерална помош вчера. Тој во телефонскиот разговор со Браун, истакнал дека владата ќе биде рамо до рамо со жителите на Калифорнија во, како што кажа, ова време на огромна трагедија и потреба.

Шумските пожари се вообичаена појава за Калифорнија во овој дел од годината, но властите не ја знаат причината за најновата стихија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG