Линкови за пристапност

Мал напредок во справување со пожарите во Калифонија


Властите сепак велат дека многу семејства ќе ги загубат своите домови

Пожарникарите во Калифорнија постигнале одреден напредок, или само четири проценти, во справувањето со шумскиот пожар од кој од вторникот, наваму, изгоре површина од преку 12.000 хектари.

Во моментов со огнената стихија се справуваат преку 1.500 пожарникари. Властите во Сан Бернандино рекоа дека ваков интензитет немаат видено досега и дека многу семејства ќе останат без покрив над главата.

Заради заканата од натамошно ширење на пожарите, надлежните органи наредија евакуација на уште 82.000 лица.

XS
SM
MD
LG