Властите во Калифорнија наредија евакуација на преку 82.000 лица по шумскиот пожар што го зафати северниот дел на Сан Бернандино.
Надлежните органи засега немаат информација што е причината за пожарот, но она што е познато е што по 12 часа изгорела површина од преку 6.000 хектари. Заради пламенот и чадот беа затворени и бројни патишта, како и дел од автопатот што го поврзува Лос Анѓелес и Лас Вегас.
Со огнената стихија во моментов се справуваат околу 700 пожарникари, но условите се отежнати заради сувиот воздух и ветерот.
Шумските пожари се честа појава во Калифорнија и други западни сојузни држави за време на летните месеци.
Од неодамнешниот пожар во Лоуер лејк, северозападно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто, изгоре површина од околу 1.600 хектари, а беа уништени и 175 домови и бизниси.