Официјални лица за пожар од северна Калифорнија велат дека еден возач на булдожер е мртов, а други тројца пожарникари биле повредени во битката против шумскиот пожар.
Пожарот е „силен и голта се пред себе“ изјави Скот Меклин, портпарол на дел од екипите кои се борат со пожарите во областа.
Пожари беснеат и во северниот но, и во јужниот дел на Калифорнија, а сопствениците на куќи биле принудени да ги напуштат своите домови.
Десетици домови веќе изгореле во големите пожари, додека некои домови, за чудо и покрај пожарот, успеале да се извлечат.
Гувернерот Џери Браун прогласи вонредна состојба во областите и на двата краја од државата.
Властите се сомневаат во подметнување на пожарот во јужна Калифорнија, а уапсија и еден осомничен.
Властите се сомневаат во подметнување на пожарот во јужна Калифорнија, а уапсија и еден осомничен
Facebook Forum