Линкови за пристапност

Илјадници луѓе евакуирани поради голем пожар во Јужна Калифорнија


Огромен шумски пожар на планините источно од Лос Анџелес, кој е најголемиот пожар во Јужна Калифорнија досега оваа година, сè уште беснее, при што илјадници луѓе се евакуираа од своите домови.

Пожарот во округот Риверсајд, кој е еден од неколку пожари низ Калифорнија, зафатил околу 106 квадратни километри сува трева и шума, откако избувна во петокот навечер, според Калифорнискиот оддел за шумарство и заштита од пожари.

Пожарот заедно со мерките на претпазливост воведени поради коронавирусот вршат дополнителен стрес во центарот за евакуација, рече Џон Медина, портпарол на американскиот Црвен крст.

Волонтерите кои се во „близок контакт“ со евакуираните, мораа да го прилагодат својот пристап соодветно на мерката за социјално растојание, рече Медина.

Се истражува причината за пожарот што започнал во рурално подрачје во близина на градот Беумонт, на околу 137 километри источно од центарот на Лос Анџелес.

Уништен е еден дом и две градежни објекти, соопштија од противпожарната служба на Калифорнија. Не се пријавени случаи на повредени лица.

Во Северна Калифорнија, евакуацијата следеше откако шумскиот пожар во неделата попладне брзо се прошири во близина на домовите во округот Колуса. Дополнително ситуацијата се комплицира и поради високите температури во областа северно од Сакраменто кои се очекува да се искачат до околу 36 целзиусови до денеска попладне.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG