Линкови за пристапност

Шест жртви во шумскиот пожар во Калифорнија


Повеќе од десетина други лица се` уште се водат за исчезнати

Шумскиот пожар во севрениот дел на сојузната држава Калифорнија ја однесе шестата жртва.

Шерифот на округот Шаста Том Босенко, изјави дека жртвата не била евакуирана, и покрај повиците тоа да го стори.

Другите жртви вклучуваат две деца, нивната прабаба, како и двајца пожарникари.

Повеќе од десетина други лица се` уште се водат за исчезнати.

Пожарот досега принуди десетици илјади лица да ги напуштат нивните домови.

Локалните официјални лица велат дека најмалку 517 градби се уништени, други 135 се оштетени, од кои повеќето домови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG