Линкови за пристапност

Калифорнија повторно зафатена од шумски пожари


Гувернерот Џери Браун прогласи вонредна состојба

Властите во Калифорнија, соопштија дека илјадници луѓе ги напуштаат нивните домови по избувнување на шумските пожари, кои изминативе години опустошија бројни делови од регионот.

Гувернерот Џери Браун прогласи вонредна состојба во округот Лејк, каде стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, кој досега изгоре повеќе од 3.300 хектари.

Регионот беше силно погоден од жумски пожари, особено во 2015-та година, кога загинаа четири лица, а беа уништени 2.000 згради.

„Поминавме низ ова четири пати, но, првпат почувствував дека сум во опасност, бидејќи пожарот беше на ридот зад нас. Помислив дека ќе ја изгубиме куќата“, вели еден од евакуираните жители.

Надлежните рекоа дека пожарите избувнале поради невообичаено топлото време, силните ветришта и сувата вегетација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG