Шеснаетгодишно девојче и 14-годишно момче загинаа при вчерашното пукање во средно училиште во Калифорнија. Уште тројца други ученици беа повредени, но, се надвор од животна опасност.
Осомничен за пукањето е 16-годишно момче од истото средно училиште, кој по нападот врз неговите сооученици сам си пукал во глава. Вчера бил негов роденден.
Тој се` уште се наоѓа во сериозна здравствена состојба, а полицијата засега не го соопштува неговото име.
Асошиетед прес објави дека осомничениот бил „паметно, тивко момче, кој играл шах и кој бил активен член на машката извидничка група“.
Полицијата отвори истрага за случајот.
Facebook Forum