Линкови за пристапност

Сурфер го загуби животот во напад на ајкула во Калифорнија


Официјални лица во северна Калифорнија соопштија дека 26-годишен маж го загубил животот во напад на ајкула изминатиот викенд додека сурфал во близина на заливот Монтереј.

Канцеларијата на округот Санта Круз ја идентификуваше жртвата како Бен Кели.

Во соопштението се наведува дека не е познато од кој вид била ајкулата која го нападнала.

Очевидци тврдат дека нападот се случил на околу 90 метра од брегот. Кели добро го познавал овој предел каде сурфал уште од мал.

Во време на нападот плажата била затворена за посетители поради мерките за социјално дистанцирање воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Фаталните напади од ајкули се ретки на американското крајбрежје. Се проценува дека просечно на две години има по една жртва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG