Линкови за пристапност

Протести и контра-протести во Калифорнија


Во Калифорнија се одржаа собири на оние кои се против ултра-десничарите – иако последните беа откажани

Контра-демонстранти во неделата излегоа на улиците во Беркли, Калифорнија, иако закажаниот собир на ултра-десничарите, кој беше цел на контра-протестите, претходно беше откажан.

Неделниот протест беше втор во околината на Сан Франциско. Во саботата, голем број контра-демонстранти излегоа за да се спротивстават на уште еден десничарски собир, пријавен под името „Патриотски протест“, иако и тој беше откажан.

Градоначалникот на Сан Франциско Ед Ли, прогласи победа над групата, којашто според него повикувала на омраза.

Полицијата во Беркли постави барикади околу паркот каде во неделата требаше да се одржи собирот.

Кратки престрелки избувнаа кога група од околу 100 лево-ориентирани демонстранти опколија и нападнаа неколку десничарски демонстранти, вклучувајќи го и водачот на групата, кој во саботата го откажа настанот во Сан Франциско.

Притоа биле уапсени најмалку 13 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG