Линкови за пристапност

Калифорнија ја легализира употребата на марихуана


Најголемата и најбогатата американска сојузна држава ја легализираше продажбата и рекреативната употреба на марихуана.

Калифорнија стана шеста, од 50-те американски сојузни држави, заедно со главниот град Вашингтон, каде употребата нема да се санкционира, иако федералната влада се` уште ја класифицира продажбата и поседувањето на марихуаната како кривично дело.

Колорадо, Вашингтон, Орегон, Алјаска и Невада се другите држави каде е регулирана рекреативна продажба на марихуаната.

Со легализацијата во Калифорнија, која брои 39 милиони жители, повеќе од една петина од вкупното американско население сега живее во држави каде марихуаната се продава за општа употреба, а не само за медицински цели.

Во Калифорнија, лицата на возраст од 21 година и постари ќе можат да одгледуваат до шест растенија и законски да поседуваат околу 28 грама марихуана, слично на законите во другите пет сојузни држави каде што таа е легализирана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG