Линкови за пристапност

Родителите од Калифорнија се уапсени за наводно малтретирање на своите деца


Полицијата соопшти дека 13 деца во нивниот дом биле пронајдени во окови и живееле во ужасни услови

Властите во Калифорнија соопштија дека мажот и сопругата, кои беа уапсени во понеделникот, своите 13 деца ги чувале заробени во нивниот дом и тоа во мизерни услови.

Дејвид и Луиз Турпин се држат во притвор под кауција во висина од 9 милиони долари, додека полицијата ги испитува обвиненијата за тортура и загрозување на деца.

Полицијата била предупредена за ситуацијата во куќата во градот Перис, близу Лос Анџелес, од страна на едно од децата - 17-годишно девојче, кое успеало да избега и се јавило на властите преку мобилен телефон.

Полицајците изјавиле дека кога девојчето дошло во станицата, било толку изнемоштено и неухрането, што изгледало како да има 10 години.

Властите рекоа дека во куќата имало, како што мислеле, 12 деца, а некои всушност биле на возраст меѓу 18 и 29 години.

Полицијата додаде дека најмладата жртва била 2-годишно дете, а некои од децата биле најдени во окови и катанци.

Надлежните рекоа дека во моментов најголема грижа е здравствената состојба на децата и дека ќе им биде пружена максимална помош.

Брачната двојка била сопственик на дневно училиште надвор од домот, и последните неколку години се соочувале со финансиски проблеми, се вели во соопштение на началникот на локалната полиција.

Во него се додава дека родителите не дале никаква логична причина зошто ги држеле децата во такви ужасни услови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG