Линкови за пристапност

Локализиран пожарот во Калифорнија во кој загинаа над 80 лица

Досега 87 лица ги загубија животите во пожарите во Калифорнија, а 563 лица се водат како исчезнати

Властите во Северна Калифорнија соопштија дека пожарот, кој избувна пред две недели, а во кој досега 84 лица ги загубија животите, е речиси локализиран.

Уште три лица загинаа во друг пожар во Малибу во Јужна Калифорнија.

563 лица се водат како исчезнати во најсмртоносниот и најдеструктивен пожар во историјата на оваа држава.

Врнежите од дожд во средата и четвртокот ѝм помогнаа на пожарникарите, но ја отежнаа потрагата по човечки останки низ урнатините на околу 13.000 домови уништени од пожарот.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG