Линкови за пристапност

Најмалку 600 лица се исчезнати во смртоносните пожари во Калифорнија


Претседателот Доналд Трам во сабота ќе ги посети двата региони во Калифорнија кои беа уништени од пожарите

Бројот на жртви во катастрофалните пожари во сeверна и јужна Калифорнија се искачи на 66 лица, додека трае потрагата по десетици луѓе кои се исчезнати.

Во Рај, град во Калифорнија кој минатата недела беше речиси збришан од големите пожари, стотици луѓе, заедно со кучиња трагачи, бараат тела во пепелта.

„Бараме посмртни останки од луѓето“, вели волонтерот Патрик Додсон.

Властите се надеваат дека Рапид техниките за ДНК анализа ќе ја забрзаат идентификацијата на жртвите и известувањето на нивните семејства. Се проценува дека најмалку 600 лица се изчезнати.

Пониските температури им помагаат на екипите да се пробиваат на терен додека се борат со смртоносните огнови. Најсмртоносниот пожар во историјата на државата зафати речиси 570 квадратни километри.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трам во сабота ќе ги посети двата региони во Калифорнија кои беа уништени од пожарите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG