Линкови за пристапност

Расте бројот на загинати од пожарите во Калифорнија


Од 56 пронајдени тела на лица кои ги загубија животите во најголемиот пожар во историјата на државата, досега се идентификувани 47

Спасувачките тимови во Северна Калифорнија пронајдоа тела од уште осум лица кои ги загубија животите во најголемиот пожар во историјата на државата. Бројот на загинати се искачи на 56 лица.

Најновите жртви биле пронајдени во областа наречена Рај, град со 27.000 жители кој беше уништен од пожарот.

Од 56 пронајдени тела, досега се идентификувани 47, но се чека ДНК потврда.

130 лица се водат како исчезнати. Во меѓувреме, пожарите и натаму се активни.

Американскиот претседател ги прогласи пожарите во Калифорнија за голема катастрофа, одобрувајќи федерални средства за помош на погодените подрачја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG