Најмалку 42 лица ги загубија животите во огнената стихија во Северна Калифорнија, со што овој пожар е најсмртоносниот пожар во историјата на државата.
Властите велат дека стотици луѓе се водат како исчезнати, додека 150.000 луѓе по брегот на Тихиот Океан се расселени поради силните ветрови и сувото време кои влијаеа за засилување на пожарите и нивно проширување на повеќе од 1000 квадратни километри зафаќајќи шуми, домови и деловни објекти.
Во два помали пожари во Јужна Калифорнија загинаа две лица.
Гувернерот на Калифорнија Џери Браун прогласи вонредна состојба и побара финансиска помош од федералните власти.
Доцна во понеделникот, претседателот Доналд Трамп рече дека пожарите се „голема катастрофа“, давајќи зелено светло за федерално финансирање на оние на кои ѝм е потребна помош.
Илјадници пожарникари се борат со пожарот северно од Сакраменто, кој започна минатата недела, а во кој досега се уништени 6.600 домови.
Неколку познати личности, меѓу кои и пејачите Нил Јанг и Мајли Сајрус, се меѓу оние што ги загубија своите домови.
Facebook Forum