Линкови за пристапност

Шумските пожари во Калифорнија убија најмалку 31 лице


Во пожарите кои зафатија области во сојузната држава Калифорнија загинаа најмалку 31 лице, а метеоролозите предупредуваат дека сувото време и ветровите кои го разгоруваат огнот ќе траат најмалку до вторникот.

Илјадници пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот северно од главниот град на сојузната држава Сакраменто кој започна да гори минатата недела и во кој загинаа најмалку 29 лица. Властите соопштија дека 228 луѓе се` уште се водат за исчезнати.

Пожарот е локализиран околу 25 проценти и уништил околу 6.600 згради. Ова е најразурнувачки шумски пожар во историјата на сојузната држава.

Евакуација биле наредена на источниот дел од соседниот град Чико, во кој живеат околу 93.000 жители.

Ветровите помогнале пожарот од четврток до петок да се прошири речиси за четвртина, комплицирајќи ги напорите за евакуација.

Локалните власти велат дека жртвите најчесто биле пронајдени внатре или во близина на нивните автомобили. Ненадејната евакуација доведе и до застој на сообраќајот, принудувајќи некои лица да бегаат пешки.

Минатата недела во јужниот дел на Калифорнија исто така избувнаа неколку пожари. Властите соопштија за два смртни случаи од тие пожари.

Претседателот на САД Доналд Трамп за време на посетата на Франција по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна ги обвини локалните власти задолжени за менаџмент на шумите за уништувањето. Тој не ги спомна годините на суша во најнаселената американска сојузна држава.

Сепак, властите во Калифорнија ја оспорија оценката на Трамп. Брајан Рајс, претседател на Здружението на професионални пожарникари рече дека „ ... речиси 60 проценти од шумите во Калифорнија се под федерален менаџмент ... федералната влада одлучува за ресурсите за управување со шумите, а не Калифорнија ... “.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG