Линкови за пристапност

Калифорнија ќе остане пет дена без струја за да се спречат шумски пожари


Оваа сојузна држава има историја на шумски пожари кои предизвикале штети од милијарди долари

Калифорниската компанија за електрична енергија ќе исклучи од струја речиси 800.000 корисници со цел да се спречат можни шумски пожари во северниот, централниот и крајбрежниот дел на Калифорнија.

Компанијата најави дека во рок од пет дена ќе ја исклучи струјата во 34 окрузи во Калифорнија.

Прекинот на електрична енергија ќе ги погоди домаќинствата, јавните услуги, како и семафорите и уличното осветлување.

Болниците, пак, користат генератори и најверојатно ќе останат отворени, заедно со службите за итна помош.

Телекомуникациските компании најавија дека мобилните телефони ќе работат се` додека се полнат батериите.

Калифорнија има историја на шумски пожари кои имаат предизвикано штети од милијарди долари.

Пожарот минатата година беше најголем во историјата на оваа сојузна држава досега, кој уништи 18.804 градби, и уби 86 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG