Линкови за пристапност

Калифорнија почна да ја исклучува струјата поради шумските пожари


Целта е да се спречат можни нови пожари, како што се очекува засилување на ветровите до крајот на денот

Сојузната држава Калифорнија почна да го прекинува снабдувањето со струја на милиони граѓани, додека пожарникарите се обидуваат да ги изгаснат шумските пожари, пред очекуваните силни ветрови до крајот на денот.

Компанијата за електрична енергија ја исклучи струјата на милион домови и бизниси низ северниот дел на сојузната држава, некои со кратко известување однапред, со цел да се спречи каблите за струја евентуално да предизвикаат повеќе пожари.

Жителите се жалат бидејќи ќе останат без струја со денови, особено оние на кои им е потреба електрична енергија поради апарати за одржување во живот.

Бизнисмените, пак, велат дека овој потег ќе ги чини десетици илјади долари загуба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG