Линкови за пристапност

Волонтери од Луизијана помагаат во Тексас


Членови на волонтерската компанија „Кајџун нејви“ (Cajun Navy), од Луизијана пристигнале во Хјустон, за да помогнат во спасувачките напори во катастрофалните поплави во југоисточниот дел на Тексас.

Групата веќе објави фотографии, видеа и информации за нејзиниот конвој и иницијалните спасувачки напори во Хјустон. Десетици камиони и бродови пристигнаа во Тексас, а од компанијата го повторија повикот за дополнителни волонтери.

Неофицијалната волонтерска група беше формирана минатата година, за да им помогне на жртвите од поплавите во Батон Руж, Луизијана.

Илјадници лица се заглавени во поплавите заради ураганот Харви, а властите велат дека обновата на материјалната штета ќе трае со години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG