Линкови за пристапност

Мекејн и Грем во Египет


Сенаторите се во Каиро на барање на претседателот Обама кој поттикнува брзо враќање на граѓанска власт во Египет.

Двајца американски законодавци треба да се сретнат со египетски претставници во напор да помогнат да се реши политичкиот застој во земјата.

Сенаторите Џон Мекејн и Линдзи Грем се во Каиро на барање на американскиот претседател Барак Обама, кој поттикнува брзо враќање на граѓанското управување во Египет.

За време на нивната посета, египетските официјални лица велат дека законодавците се очекува да се сретнат со привремениот претседател Адли Мансур и армискиот шеф Абдел Фатах ал-Сиси.

Не е јасно дали ќе се сретнат со претставници на Муслиманското братство, кое одби да земе учество во египетскиот транзиционен процес откако армијата го собори од власт претседателот Мохамед Морси.
XS
SM
MD
LG