Линкови за пристапност

Египетските протестанти во нова битка да останат релевантни


Египетските протестанти во нова битка да останат релевантни
Египетските протестанти во нова битка да останат релевантни

Кризата во Египет продолжува со антивладините протестанти кампирани на плоштадот Тахрир во Каиро додека градот околу нив се враќа во нормала.

Демонстрантите во вторник велат дека се подготвени за нова битка да привлечат повеќе луѓе на Тахрир плоштадот да се придружат на повиците за оставка на претседателот Хосни Мубарак.

Некои од протестантите велат дека се уморни од протестите иако очекуваат ситуацијата да потрае долго време.

Други велат дека владата успеала, барем за сега, да си купи време со правење парцијални отстапки , при што последното е зголемување на платите и пензиите за вработени во јавниот сектор.

Претседателот Мубарак веќе кажа дека ќе замине од власт, со тоа што нема да бара реизбор во септември и некои од опозицијата се согласуваат со него дека транзицијата на власт треба да биде постепена и мирна.

Протестантите велат дека нема да се откажат од битката Мубарак да замине поскоро.

Сепак, банките се отворени неделава и многу луѓе се вратија на работа за прв пат по повеќе од една недела.

XS
SM
MD
LG