Линкови за пристапност

Кејн води меѓу републиканците во претседателската трка


Кејн води меѓу републиканците во претседателската трка
Кејн води меѓу републиканците во претседателската трка

Бизнисменот од Џорџија Херман Кејн е изненадувачки лидер во трката за претседателска номинација од Републиканската партија според најнова анкета. Но некои политички аналитичари се прашуваат дали тој има доволно одржлива моќ да остане сериозен натпреварувач кога ќе се приближи првиот кокус и прелиминарно гласање рано следната година.

Последното истражување на јавно мислење на Вол Стрит Џурнал и ЕнБиСи Њуз го стави Херман Кејн со 27 проценти поддршка, а по него следи поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни со 23 проценти. Тексашкиот гувернер Рик Пери падна на трето место со 16 проценти.

Тексашкиот конгресмен Рон Пол е на четврто место со 11 проценти, а останатите четворица републиканци се назад со едноцифрени бројки.

Кејн минатиот месец имаше само пет проценти поддршка според истото истражување.

Тој е единствениот Африкански-Американец на републиканското поле и беше забележан по приемчив стил на зборување и способност да се поврзе со другите гласачи.

Кејн исто така го привлече вниманието со неговиот план за даночна реформа што бара намалување на персоналните и корпоративните даноци на девет проценти и поставување на девет процентен данок на продажба.

Кејн го бранеше планот 9-9-9 на последната дебата на републиканците. Бил раководител на компанија за пица многу години пред да изгради конзервативно следбеништво преку отворена програма на радио.

Аналитичарите велат дека Кејн се искачува нагоре затоа што е свежо лице на републиканското поле, кои ги возбудил конзервативните гласачи што сакаат намалување на даноците и редуцирање на големината на федералната влада.

Питер Харт е истражувач на јавното мислење кој зборуваше на ЕмЕсЕнБиСи телевизијата.

„Зошто Херман Кејн добро котира? Зашто има многу луѓе кои не се среќни со тоа што сега се случува. Тоа е она што можеме да заклучиме од овие резултати“, вели тој.

Анкетарот од Универзитетот Квинипек Питер Браун вели дека предизвикот на Кејн ќе биде да продолжи да гради поддршка и покрај интензивираното внимание на него.

„Кејн е омилен на многумина од типот на Ти Парти во републиканската коалиција. Тој очигледно е добар говорник и има искуство во бизнисот. Но со такви цифри на поддршка тој најверојатно ќе стане предмет на испитување на медиумите и потоа ќе видиме дали тоа ќе му помогне или одмогне“, вели Браун.

И покрај неодамнешниот скок во анкетите, Мит Ромни има неколку силни дебати зад себе и многу републикански стратези го гледаат како долгорочен лидер во трката за републиканска номинација.

XS
SM
MD
LG