Линкови за пристапност

Почина американскиот сенатор Роберт Бирд


Почина американскиот сенатор Роберт Бирд
Почина американскиот сенатор Роберт Бирд

Портпаролот на 92-годишниот Демократ од сојузната држава Западна Вирџинија, кажа дека сенаторот Бирд починал во три часот утринава по локално време во болница близу Вашингтон

Портпаролот на 92-годишниот Демократ од сојузната држава Западна Вирџинија, кажа дека сенаторот Бирд починал во три часот утринава по локално време во болница близу Вашингтон.

Бирд бил хоспитализиран една недела. На почетокот се мислело дека страда од истоштеност заради топлото време и дехидрираност, но се развиле други медицински состојби.

Бирд за прв пат бил избран во американскиот Претставнички дом во 1952 и во американскиот Сенат 1958. Здравјето му се влошило последните години но му останала репутацијата дека обезбедил милиони федерални долари за својата сојузна држава.

Сенаторот бил ентузијастичен поддржувач на кампањата на претседателот Барак Обама за Белата куќа во 2008. Тој кажа дека се срамел заради своите поранешни ставови по расни прашања, што вклучува членство во групата на бели расисти Кју Клукс Клан кога бил млад.

Бирд исто така кажа дека жали што се противел на легислативата за граѓански права во 1960-тите.

XS
SM
MD
LG