Линкови за пристапност

САД запленија најголема количина фентанил во американската историја


Се работи за 114 килограми синтетичка дрога, пронајдена во камион со краставици од Мексико

Одделот на САД за царинска и гранична контрола заплени 114 килограми синтетичка дрога во време на најголемета криза со опијати во државата.

Се работи за фентанил што надлежните го пронашле сокриен во камион натоварен со краставици од Мексико.

Меѓу запленетата дрога се и 179 килограми метамфетамин.

„Фентанил во количина колку неколку зрна сол може да убие човек многу брзо“, велат надлежните.

Повеќето од запленетата дрога е во прав и уличната цена достигнува до 3.5 милиони долари.

Претседателот на САД Доналд Трамп ја пофали операцијата на Твитер, велејќи дека ова е најголема заплена на фентанил во американската историја.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД изјавија дека фентанилот е дрога која е причина за најмногу смртни случаи поради предозирање, или повеќе од 18.000 од 63.000 смртни слуачи во 2016-та година биле поради предозирање со фентанил.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG