Претседателот Џорџ Х.В. Буш многумина ќе го запаметат и по познатите изјави, од кои дел ќе ве насмеат, но, повеќето ќе ве начуат на животна мудрост.
Еве кои се едни од најпознатите:
„Размисли за секој проблем, секој предизвик со кој се соочуваме. Решението за сите почнува со образование“.
„Не сакам брокули, и не ги сакав ниту како дете, но, мајка ми ме натера да ги јадам. И сега сум претседател, и веќе нема да јадам брокули“.
„Вујко ми ми понуди работа на Волстрит. Но, јас сакав да направам нешто на свој начин“.
„Јас сум самопрогласен „човекот со чорапите“. Колку погласни, посветли и со пооткачен дизајн, толку подобри“.
„Имам мислења - цврсти мислења, но, не секогаш се согласувам со нив“.
„Знаеме што функционира: Слободата функционира. Знаеме што е исправно: Слободата е исправана“.
Facebook Forum