Линкови за пристапност

Џорџ В. Буш: од претседател до сликар


Изложбата во Далас нуди портрети на светски државници видени низ четката на поранешниот претседател.

Поранешниот американски претседател може да додаде нова професија во своето работно и животно резиме: сликар.
​Избрал тема што му е мошне добро позната - светските лидери. Изложбата на портретите што ги насликал Буш ќе биде отворена во неговата Претседателска библиотека во Далас, во сабота. Изложбата, насловена „Уметноста на лидерството: личната дипломатија на претседателот“ нуди портрети на државниците со кои соработуваше додека беше во Белата куќа од 2001-ва до 2009-та година. Меѓу насликаните се и рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот британски премиер Тони Блер и тибетанскиот духовен водач Далај Лама.

Буп започна да се занимава со сликање како хоби пре две години. Во интервју за НБЦ рече дека иако не смета дека е голем уметник, сликањето му отворило цел нов свет.
XS
SM
MD
LG