Семејството на Џорџ Херберт Вокер Буш денес во Хјустон, Тексас во приватна церемонија ќе се прости од 41-от претседател на САД.
По комеморативната служба, телото на претседателот ќе биде однесено со специјално дизјаниран воз 120 километри северно од градот Колеџ Стејшн, каде ќе биде погребано во неговата претседателска библиотека и музеј во Тексашкиот универзитет А&М.
Тој ќе биде погребан веднаш до неговата 73-годишна сопруга Барбара, која почина во април годинава, и нивната ќерка Робин, која почина од леукемија на тригодишна возраст.
Пет американски претседатели вчера му оддадоа почит во Националната катедрала во Вашингтон, каде неговиот син Џорџ Буш помладиот оддржа емотивен говор во негова чест.
„Не` научи дека јавната служба е чест и потреба“, рече тој, додавајќи дека неговиот татко имал огромен капацитет да даде се` од себе.
Facebook Forum