Линкови за пристапност

Пет американски претседатели денес ќе го испратат Џорџ Х.В. Буш


Џорџ Буш помладиот ќе одржи говор во чест на неговиот татко во Националната катедрала во Вашингтон

Пет американски претседатели ќе се соберат денес да му оддадат почит на 41-от претседател на САД Џорџ Херберт Вокер Буш, кој во петокот почина на 94-годишна возраст.

Џими Картер, Бил Клинтон и Барак Обама ќе му се придружат на Доналд Трамп во Националната катедрала во Вашингтон, каде Џорџ Буш помладиот ќе одржи говор во чест на неговиот татко.

На погребот се очекува да зборува и поранешниот премиер на Канада Брајан Малруни, поранешниот сенатор Алан Симпсон и историчарот Џон Мичам.

Меѓу присутните на погребот ќе бидат и британскиот принц Чарлс, германската канцеларка Ангела Меркел и поранешниот претседател на Полска Лех Валенса

Денешните церемонии ќе почнат со парада при која ковчегот на поранешниот претседател ќе биде пренесен од Конгресот во Националната катедрала.

По погребната церемонија, ковчегот ќе биде однесен во воздухопловната база Ендрјус и утре ќе биде вратен во Хјустон, Тексас.

Тој ќе биде погребан во претседателската библиотека и музеј во Тексас, веднаш до неговата сопруга Барбара, која почина во април годинава, како и до нивната ќерка Робин, која почина од леукемија во 1953-та година на тригодишна возраст.

Претседателот Трамп денес прогласи Национален ден на жалост.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG