Линкови за пристапност

Време за укинување на санкциите спрема Бурма


По средбата со бурманскиот претседател во Вашингтон, републиканскиот законодавец Мич Меконел повикува на прекин на санкциите за државата во реформа

Висок американски законодавец, кој долго беше критичар на поранешната армиска влада на Бурма, вели дека е подготвен да ги прекине клучните санкции спрема југоисточната азиска нација која се реформира, и покрај преостанатите грижи за човекови права.

Сенатскиот републикански лидер Мич Меконел ова го кажа во вторник по средбата со бурманскиот претседател Теин Сеин, кој неделава стана првиот шеф на држава на земјата кој за последниве 50 години ја посетил Белата куќа.

Меконел кажа дека не би го поддржал обновувањето на забраната на увоз од Бурма. Тој кажа дека тоа да се стори би значело „шлаканица“ за реформистите и би ги охрабрило оние кои сакаат да ги забават или да ги вратат назад промените.

Номинално граѓанската влада на Бурма дојде на власт во 2011, и од тогаш воведе серија брзи економски и политички реформи. Како одговор на тоа Вашингтон суспендираше најголем дел од своите еономски санкции спрема Бурма, вклучувајќи ја и забраната за увоз.

Ако се дозволи важноста на годишната легислатива да истече, како што предложи Меконел, Белата куќа нема да може повторно да ја постави забраната доколку Бурма не успее на патот на демократски прогрес.
XS
SM
MD
LG