Бурманскиот претседател Теин Сеин во понеделник ќе стане првиот лидер на неговата држава што ја посетил Белата куќа за последниот половина век.
Поранешниот генерал ќе се сретне со претседателот Барак Обама за време на посетата, за што организации за човекови права и некои политичари велат дека е преурането, заради анти-муслиманското насилство и непочитувањето на правата што продолжува во Бурма.
Официјални лица велат дека двете држави се очекува да ја искористат посетата за работа на договори што можат да доведат до редовни разговори за подобрување на трговијата, трудовите стандарди и инвестициите.
Во неделата, претседателот Теин Сеин во Гласот на Америка кажа дека етничкото насилство против малцинството Муслимани во западна Бурма е криминално однесување, а не граѓанска војна. Тој призна дека имало груби акции на полицијата во напор да го контролираат политичкото дисидентство во неговата земја, и кажа дека и протестантите и полицијата мора да ги сфатат своите одговорности во демократијата.
Мала група протестанти се собра пред Гласот на Америка повикувајќи на права за малцинствата во Бурма.
Вашингтон повторно се ангажира со бурманската влада откако долговладеачката бурманска армиска хунта замина од власта кон крајот на 2010-та дозволувајќи демократски избори наредната година.
Теин Сеин е првиот бурмански лидер што го посетил Вашингтон во 47 години. Неговата посета доаѓа шест месеци откако претседателот Барак Обама стана првиот актуелен американски претседател во посета на Бурма.