Линкови за пристапност

Претседателот на Бурма ќе зборува во Гласот на Америка


Дијалогот со претседателот Теин Сеин доаѓа пред неговите разговори со претседателот Барак Обама во Белата куќа.

Бурманскиот претседател Теин Сеин ќе има собир во Гласот на Америка во недела, на почетокот на првата посета на САД од страна на бурмански шеф на држава за последните 50 години.

Бурманската редакција на Гласот на Америка настанот ќе го пренесува во Бурма во недела навечер, по вашингтонско време.

Теин Сеин се очекува да зборува за неговата програма за политичка и економска програма за Бурма како и за секташката борба што започна минатата година во западната провинција Ракине, што однесе многу животи.

Околу 30 бурмански граѓани ќе учествуваат на сесијата, вклучувајќи студенти на размена, бизнис луѓе, Рохингја муслимани и бегалци.

Дијалогот со претседателот Теин Сеин доаѓа пред неговите разговори со претседателот Барак Обама во Белата куќа.

Претставници на Белата куќа велат дека Обама однапред се радува на дискусијата за бурманските напори за развивање на демократија по речиси пет децении на армиско владеење, зголемени економски можности за бурманскиот народ и етнички тензии.
XS
SM
MD
LG