Таа пристигна во среда во главниот град на Бурма Непјидо на тридневни разговори, вклучувајќи планирана средба со бурманскиот претседател Тен Сен и продемократскиот лидер Ен Сан Су Чи.
Клинтон отпатува во Бурма од Јужна Кореја каде на новинарите им кажа дека лично ќе се увери во намерите на бурманската влада за продолжување на политички и економски реформи.
Таа зборуваше за неодамнешните забелешки на претседателот Барак Обама, дека има „знаци на напредок“ од номинално цивилната бурманска влада, која дојде на функција порано годинава по повеќе од четири децении на армиско владеење.
Обама кажа дека Клинтон ќе испита што можат САД да помогнат во поддршка на прогресот за политички реформи, човекови права и национално помирување во Бурма.