Линкови за пристапност

Бугарија: Седум лица убиени во нападот на автобус


Напаѓачот не е идентификуван – носел лажна американска возачка дозвола

Бугарски официјални лица велат дека бомбаш самоубиец во среда извел смртоносен напад на автобус кој превезувал израелски туристи.

Министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов во четврток изјави дека во нападот во Бургас на Црното Море се убиени шест лица заедно со бугарскиот возач на автобусот.

Тој кажа дека осомничениот бомбаш не е идентификуван, но дека носел лажна возачка дозвола од американската држава Мичиген.

Ниедна група не ја презела одговорноста за експлозијата.

Израелски официјални лица го обвинија Иран. Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху кажа дека слични напади на израелски туристи во Индија, Тајланд и други места упатуваат на Иран. Тој не даде појаснување.

Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот како „варварски терористички напад“.
XS
SM
MD
LG