Линкови за пристапност

Бум на индустријата за рекреативно пловење во САД


Флорида е на врвот на листата на држави со најдраматичен пораст на рекреативните бродови
Флорида е на врвот на листата на држави со најдраматичен пораст на рекреативните бродови

Истражувачите на пазарот забележаа дека откако започна пандемијата ковид-19, Американците поминуваат повеќе време на вода. И тоа помогна да се одржи рекреативната индустрија за пловење. Автор: Лилија Анисимова

Откако пандемијата ковид-19 ги погоди Соединетите Американски Држави во март 2020 година, многу Американци - штом го надминаа првичниот страв - почнаа да поминуваат многу повеќе време на отворено отколку пред да се појави вирусот. Оваа тенденција доведе до - меѓу другото - бум во индустријата за пловење.

Американците поминуваат повеќе време на вода
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Една неодамнешна студија спроведена од Националната асоцијација на морски производители покажа дека од 2018 до 2023 година, американската индустрија за рекреативно пловење пораснала, забележувајќи 36 проценти зголемување на годишната економска активност - од 170 милијарди долари на 230 милијарди долари - и скок од 14 отсто рекреативни работни места поврзани со морска индустрија.

Флорида е на врвот на листата на држави со најдраматичен пораст на рекреативните бродови и работните места поврзани со индустријата, Калифорнија е втора, а Тексас трет.

Главниот град на САД, Вашингтон, е исто така високо на листата. Крис Блојер работи во пристаниште на островот Колумбија на реката Потомак.

“Имаме голема листа на чекање во пристаништето, а таа листа на чекање само стана подолга”, вели Блојер.

Но, пловењето со брод не е евтино хоби. Надвор од цената на самиот брод, тука се и трошоците за изнајмување место за паркирање на бродот. На пристаништето на островот Колумбија, изнајмувањето на паркинг место за брод чини од 2 и 10 илјади долари годишно, во зависност од должината на бродот. Блојер вели дека бизнисот е добар.

“Работиме со три пристаништа и шест бродски куќи во областа на Вашингтон, сите на реката Потомак. Дури и пред да започне пандемијата, забележавме раст од 10 до 15 проценти годишно“, додава Блојер.

Голем дел од персоналот на пристаништето работат само во екот на сезоната. Многумина се средношколци или студенти кои ова го гледаат како совршена летна работа, како и можност да научат нова вештина и, како што вели Блојер, шанса да ги поминат жешките лета на Вашингтон на вода.

“Да се биде надвор, да уживаш во природата и да можеш да се опуштиш, да се оддалечиш од екраните на кои сите се толку зависни, за да доживееш убаво време…”, вели Блојер.

Тоа е посебен вид на заедница, која е изградена околу истомисленици кои создаваат соседство на вода.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG