Линкови за пристапност

Османи: Немаме добиено поплака од никој што се декларира Бугарин дека е обесправен


Османи: Никој од граѓаните кои се декларираат како Бугари не алармирал дека е обесправен
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Надлежните во земјава уверуваат дека граѓаните кои се декларираат како Бугари не алармирале дека се обесправени, како што тие во изминатите денови му се пожалија на бугарскиот државен и политички врв, тврдејќи дека Северна Македонија не им ги обезбедува основите човекови права.

Ставот на шефот на дипломатијата, изнесен од партиска говорница, е дека мотивот на овие лица, токму сега да се појават во Софија пред Румен Радев и Бојко Борисов, е поврзан со изборите - и во земјава и во Бугарија.

„Ние немаме добиено никаква поплака од никој и затоа одењето во Софија го ставам во контекст на политизирање и во контекст на изборен процес. Но, ако така се чувствуваат еве може да бидам каналот за да ги изразат тие поплаки за еднаш засекогаш да се демитизираат таквите ставови кои сега се користат во изборен контекст“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Пораките кои неделава стигнаа од Софија се дека за деблокада на евроинтегративниот процес на земјава Бугарија очекува внесување и на бугарската заедница во Уставот.

Османи уверува дека за ова не се разговара во официјалните преговори. Тој жали што овој процес, како што вели, е зафатен од изборната амосфера во двете земји. Сепак, очекува придвижување по ноемвриските парламентарни и претседателски избори во Бугарија.

„Она што е најважно е преговорите да почнат годинава, тоа е суштински за целиот регион, за ЕУ, па и за Буагрија. Мислам дека веќе се погласни позициите на нашите европски и американски партнери дека веќе се движиме по работ на кредибилитетот на европскиот процес во регионот со сите последици што може да ги носи“, рече Османи.

Слична беше пораката и на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, изнесена на Белградскиот безбедносен форум.

„Ако не можеме да испорачаме зашто ЕУ не може да му испорача на регионот, проевропските, прореформските сили ќе бидат предизвикани“, изјави Димитров.

Паралелно со напорите на Европската комисија, и американската администрација поактивно се вклучува во обидите за деблокада на процесот.

Тоа беше потврдено и на вчерашната дебата во Комитетот за надворешни работи во Претставничкиот дом, посветена на Западен Балкан на која заменикот-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, порача дека „најсилната порака што Европската Унија може да ја прати сега е да одреди датум за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG