Линкови за пристапност

САД се со Северна Македонија во овие тешки времиња, изјави Стејт департментот по вчерашната автобуска несреќа


И американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз изрази сочувство до семејствата на загинатите и поддршка за повредените

Стејт департментот и граѓаните на САД изразуваат најдлабоко жалење и сочувство до граѓаните на Северна Македонија и Бугарија, особено оние што изгубија членови на семејствата, меѓу кои многу деца, рече портпаролот Нед Прајс на брифинг со новинарите, по вчерашната автубуска несреќа, при која загинаа 45 лица, од кои 12 деца.

Прајс рече дека САД стојат со Северна Македонија и Бугарија во овие тешки времиња.

И американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз изрази сочувство до семејствата на загинатите и поддршка за повредените.

Жалење за несреќата изрази и конгресменката од Њујорк Клаудија Тени.

„Длабоко ме натажија трагичните вести дека 45 македонски граѓани, вклучувајќи 12 деца, загинаа во автобуска несреќа во Бугарија“, напиша Тени на Твитер.

Автобусот на „Беса транс“ немал лиценца за меѓународен транспорт на патници и воопшто не бил заведен во електронската евиденција на Министерството за транспорт и врски. Колку време компанијата превезувала патници во странство со овој автобус, и како тој воопшто ја поминувал границата без соодветна документација, надлежните допрва ќе утврдуваат.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, соопшти дека „Беса транс“ имала лиценца за меѓународен слободен превоз на патници од 2018 година до 2022 година, и биле пријавени четири автобуси со лиценци, но, не и автобусот во кој вчера изгореа 45 патници.

Почната е постапка за одземање на лиценцата за работа на „Беса транс“ а Владата му наложи на Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден надзор во фирмата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG