Линкови за пристапност

Османи: Одлуката на Врховниот суд за СЈО веројатно ќе влијае врз владеење на правото


Османи: Сите истражни постапки на СЈО треба да се завршат до крај
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Фокусирани сме на испорачување резултати во смисла на смена на однесувањето на луѓето во системот, согласно духот на законите, изјави вицепремиерот за евроинтеграции

На ред е консолидирање на државата на реформски и економски план, рече вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, нагласувајќи дека веќе не постојат надворешни политички пречки државата да оди напред.

„Владата ја има прогласено 2019-та за година на економијата. Самото членство во НАТО се одразува на патот на Европската унија, бидејќи ја зголемува довербата кај сите земји-членки дека државата се подготвува за НАТО, а со тоа и за ЕУ“, изјави Османи во интервју за Гласот на Америка.

Тој вели дека сега се` зависи од испораката на реформите, кои тој верува дека ќе можат да се исполнат до јуни.

„Со планот 18 го консолидираме тој процес на реформи и повеќе се фокусираме на испорачување на резултати во смисла на смена на однесувањето на луѓето во системот, согласно духот на законите“, рече тој.

Истакна дека овој месец ќе биде суштински за донесување низа закони за кои постои двотретинско мнозинство, како што е законот за јавно обвинителство кој, според него, треба да му обезбеди шанса и живот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како многу важен фактор во реконструкцијата на правниот систем.

А дали одлуката на Врховниот суд да не можат да продолжат истрагите на СЈО кои се отворени по 30-ти јуни 2017-та година ќе има последици врз владеење на правото и препораката на Европската комисија тој рече:

„Јас не можам да коментирам судска одлука и веројатно ќе влијае, но, ние мора да најдеме начин процесот да се заврши до крај. Мора сите истражни постапки да се завршат до крај за да не се остави ништо необјаснето дали има или нема во ваквите постапки. Мислам дека политиката мора да обезбеди услови за одржливост на тој процес, бидејќи е во корист на самата политика и на сликата што ја создаваме пред Европската комисија и земјите - членки“.

Османи повтори дека ДУИ и натаму го поддржува концептот за консензуален претседател, но, оти таквите кандидатури не смеат да бидат наметанати и еднострани решенија.

Што се однесува до предвремените паралментарни избори, Османи вели дека барем до јуни не треба да се одржат, бидејќи ќе ја дефокусираат државата од европската агенда.

Имаше постојан обид од Русија да се блокира патот кон НАТО

Османи денес во Германскиот маршалов фонд во Вашингтон ја истакна поддршката од САД за членството на Македонија во НАТО, нагласувајќи ги истовремено руските обиди тоа да се спречи.

„Тоа го кажуваа отворено, не преку спротивставување кон Договорот од Преспа, туку кон противење кон членствто во НАТО, што е против рускиот интерес“, рече Османи.

Тој додаде дека иако процесот кон НАТО е неповратлив и оти се очекува ратификација во сите земји-членки, простор за руско влијание се` уште има.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG