Линкови за пристапност

Бугајски: САД ја поддржуваат Македонија во НАТО под кое било договорено име


Разговорот меѓу потпретседателот на САД и македонскиот премиер, е важна порака за новата Влада, коментира аналитичарот за Гласот на Америка

Телефонскиот разговор меѓу потпретседателот Мајк Пенс и премиерот Зоран Заев е многу важен чекор, коментира за грузиската редакција на Гласот на Америка, аналитичарот Јануш Бугајски.

„Многу е важно да се испрати порака до новата Влада дека САД се посветени на влез на Македонија во НАТО, под кое било име, што ќе биде договорено“, рече Бугајски.

Според него, потпретседателот Пенс е посветен многу на атлантското сојузништво.

„Со влезот на Црна Гора во Алијансата, се испраќа многу важна порака за новата Влада во Скопје, односно до новата коалиција, што ја презеде канцеларијата пред неколку недели“, додаде Бугајски.

Белата куќа вчера соопшти дека Пенс му се јавил на Заев, и во име на претседателот Трамп, му честитал на Заев за преземањето на премиерската функција во Македонија

„Пенс истакна дека САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската аспирација кон Македонија, и го охрабри Заев да им даде приоритет на реформите, кои ќе го забрзаат нејзиниот пат во тој правец“, се вели во соопштенито од Белата куќа.

Пенс најавил и дека со нетрпение очекува да се сретне со Заев, како и со другите лидери на земјите од Западен Балкан, на Самитот на Јадранската повелба, кој ќе се случи на 2-ри август во Подгорица, Црна Гора.

По разговорот со Заев, Пенс му се јавил и на грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG