Еден од темелите на планот на претседателот Обама за намалување на федералниот дефицит е новата даночна политика за најбогатите Американци, базирана врз таканаречното Бафетово правило, според милијардерот-инвеститор Ворен Бафет, што предвидува накачување на даноците за оние кои годишно заработуваат најмалку еден милион долари годишно.
Инвеститорот Витни Тилсон сака да сподели повеќе од своето богатство со обичните Американци. Тој е во групата Патриотски милионери што го поддржува Бафетовото правило. Прави споредба својата секретарка: “Заработувам 39 пати повеќе од неа. Не 39%, туку 39 пати! Јас плаќам 24,6% данок на заработувачката, а таа 33,4%. Таа плаќа данок 36% повеќе од мене иако јас заработувам 39 пати повеќе од неа!“.
Бафетовото правило доби на публицитет откако Бафет го спореди данокот на неговата заработувачка од 17% со оној на неговата секретарка - 29%.
„Мислам дека побогатите како мене треба да плаќаат повеќе данок“, рече тогаш Бафет.
Претседателот Обама се согласува. Вели, секој што заработува повеќе од еден милион долари годишно треба да плати најмалку 30%. Републиканските критичари, пак тврдат дека мерката ќе ги обесхрабри богатите сопственици на бизниси да отвораат нови работни места. Сенаторот од Аризона Џон Кajл, кој предводеше во гласањето против Правилото во Сенатот, вели, ова е напад врз богатите.
„(Претседателот Обама) смета дека владата треба да зема повеќе од нив само затоа што се богати, дури и кога даночното зголемување и штети на економијата“, спори Кајл.
Тилсон не се согласува. Вели: „Не се работи за класна борба, туку за здрав разум. Дали е исправно да заработувам 39 пати повеќе од мојата секретарка, а таа да плаќа 36% повисок данок?“.