Линкови за пристапност

Американската влада нема да биде затворена следната недела


Конгресот изгласа мерка со која се обезбедува финансирање до крајот на фискалната година, што ги инкорпорира автоматските скратувања веќе влезени во сила.

Американскиот Конгрес даде конечно одобрение за планот за трошоци што ќе ја финансира владата до крајот на септември со што се избегна потенцијалното затворање следната недела.

Претставничкиот дом со големо мнозинство гласаше за планот што ги финансира владините агенции, но го инкорпорира кратењето од 85 милијарди долари кои автоматски влегоа во сила порано месецов. Мерката им дава на армијата и некои домашни агенции поголема флексибилност за тоа како да го намалат трошењето.

Авторизацијата за американските трошоци требаше да истече следната среда. Без давање зелено светло за овој документ, голем број владини функции ќе беа затворени. Сенатот претходно го одобри планот и сега тој оди на потпис кај претседателот.

Со границата на трошоците поставена до крајот на фискалната година што завршува на 30 септември, Конгресот го свртува своето внимание кон буџетот за следната година и потоа. Претставничкиот дом под контрола на републиканците исто така гласаше за својот план за 2014, што ќе го намали трошењето и ќе води до балансиран буџет во текот на една деценија без кревање на даноците.

Сенатот под контрола на демократите расправа за буџетски план што бара речиси еден трилион нови даноци во текот на следната деценија за финансирање на владините трошоци.
XS
SM
MD
LG