Линкови за пристапност

И по средбата во Белата куќа договор нема


Обама вели дека нема оправдување за неуспехот на напорите да се избегне недискриминаторско кратење во буџетот

Американскиот претседател Барак Обама вели дека нема оправдување за неуспехот на законодавците да спречат недискриминирачки скратувања во владините трошоци.

Зборувајќи во петок во Белата куќа, претседателот Обама 85-те милијарди долари во автоматски скратувања ги нарече „глупави“ и „арбитражни“ и кажа дека тие ќе и` наштетат на економијата и ќе чинат работни места. Намалувањата треба да влезат во сила во петок на полноќ, и претседателот кажа дека тие ќе имаат поголемо влијание колку подолго се во сила.

Обама зборуваше по средбата со главните републикански и демократски претставници утринава, на која се дискутирале напорите за избегнување на намалувањата во владиниот буџет.

На средбата во Белата куќа во голема мерка се гледаше како на симболична, откако законските предлози за избегнување на кратењата во четвртокот во Сенатот беа поразени.

По средбата со претседателот Обама, републиканецот Џон Бејнер, спикер на Претставничкиот дом, кажа дека немало ништо ново од состанокот. Тој го повтори ставот на републиканците дека повисоки даноци нема да бидат дел од никаков договор.
XS
SM
MD
LG