Обама вети дека ќе се справи со дефицитот и со 14-те трилиони -- што натаму растат – на национален долг, но тој допрва треба да ја открие целата стратегија.
Претставниците на администрацијата сугерираат дека Обама може да зборува за реформирање на скапите програми за постарите, сиромашните и пензионираните. Има исто така извештаи дека тој може да предложи да се дозволи истекување на постоечките даночни олеснувања, со што практично ќе се зголемат даночните стапки да генерираат приход.
Спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бенер, кажа дека секој предлог за зголемување на даноците би бил „неприфатлив“ и „лош почеток“ за буџетските преговори.
Предлогот на претседателот натамошно ќе ја поттикне тековната дебата со републиканците кои имаат свои идеи за намалување на дефицитот, преку правење подлабоки скратувања на федералните трошоци.
Обама ќе зборува на Универзитетот Џорџ Вашингтон, во Вашингтон. Тој исто така се очекува да им даде увид во неговите предлози на конгресните лидери на средба во Белата куќа, во среда наутро.